Анчелоти и Тухел не се заинтересирани за клупата на Манчестер Јунајтед

86
фото: Transfer News Live (X)

Карло Анчелоти и Томас Тухел не се во конкуренција за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Како што објави инсајдерoт Бен Џејкобс, двајцата стратези ќе продолжат да ги тренираат репрезентациите на Бразил и Англија и по Светското првенство во 2026 година.

Во моментов, Манчестер Јунајтед разговара за кандидатурите на Роберто Де Зерби (без тим откако го напушти Марсеј), Јулијан Нагелсман (селектор на германската репрезентација) и Роберто Мартинез (селектор на португалската репрезентација).

Маурисио Покетино (САД) и Киран Мекена (Ипсвич) сè уште се сметаат за кандидати за функцијата, но не се сметаат за фаворити.

ПретходноМартин Манасков е нов ракометар на австрискиот лидер Алпла Хард
СледноИнтервју со Елена Мицковска: Не ме обесхрабрија низ годините, туку дополнително ме мотивираа! Авторитетот не се добива со функција, тој се гради!