Мартин Манасков е нов ракометар на австрискиот лидер Алпла Хард

2081
фото: hchard.at

31-годишниот лев бек Мартин Манасков ќе се проба и надвор од границите на Македонија. Манасков денеска и официјално потпиша за австрискиот тим Алпла Хард каде ќе го носи дресот во продолжението на тековната сезона.

Манасков во Австрија заминува од екипата на Тиквеш. Алпла Хард го пречека како лидер на табелата и се надева дека со доаѓањето на нашиот интернационалец ќе се бори за освојување на нова шампионска титула.

„Откако се појави можност за трансфер, решив да ја искористам и сега сум во Хард. Процесот беше брз, но непречен и релативно едноставен. Многу сум благодарен за довербата и поддршката што ја добив од клубот за време на трансферот. Го гледам ова како одлична можност да се предизвикам себеси и да растам во нова средина“, изјавил Манасков.

ПретходноЏокерот на Конте: Елмас е вистински Хајлендер, не се плаши да игра на која било позиција!
СледноАнчелоти и Тухел не се заинтересирани за клупата на Манчестер Јунајтед