Почна новата ера во Формула 1, Оскар Пјастри најбрз по првиот ден

64
фото: Formula 1 (X)

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го заврши првиот ден пред трката за Големата награда на Австралија на врвот, откако постави најбрзо време на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, означувајќи возбудлив почеток на новата сезона во Формула 1. Австралијанецот го постави најбрзиот круг за 1:29.729 , што беше за 214 илјадитинки побрзо од младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели.

Трет најбрз беше колегата на Антонели, Џорџ Расел, кој беше 32 стотинки зад Пјастре, додека Луис Хамилтон во Ферари беше само една илјадитина од секундата побавен од Британецот.

Првиот ден од новата сезона беше обележан со голема активност на патеката, бидејќи тимовите максимално го искористија времето на двата слободни тренинзи. Речиси во секое време, голем број автомобили беа на патеката. Резултатите од двата тренинга беа доста различни, што го отежнува предвидувањето на продолжението на викендот, но како што се очекуваше, возачите на Мекларен, Мерцедес, Ферари, како и Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, беа близу до врвот.

Првиот ден беше обележан и со големи проблеми за Астон Мартин. Нивните болиди имаа сериозни вибрации, па резултатите беа разочарувачки. Фернандо Алонсо заврши на 20-то место, речиси пет секунди побавно од Пјастри, додека Ленс Строл беше уште побавен. Интересно е и тоа што Кадилак се појави на патеката за првпат, а неговиот возач Валтери Ботас заврши веднаш пред Алонсо.

ПретходноНајлошиот тренер кој дошол во Англија: Тудор е пред најбрзиот отказ во кариерата!
СледноИсто друштво и оваа година оди на Ф4 во Купот на Македонија