Претседателот Омерагиќ на редовен состанок на „HatTrick“ комисијата

65
NYON, SWITZERLAND - MARCH 5: UEFA HatTrick Committee Meeting 2026, at the UEFA Headquarters, The House of the European Football, on March 5, 2026 in Nyon, Switzerland (Photo by Kristian Skeie - UEFA)

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ деновиве беше дел од редовниот состанок на „HatTrick“ комисијата. Тој е дел од ова тело уште од стартот на неговиот мандат, а истото одржува редовни седници и работи на веќе востановените проекти.

„Разговаравме за тековните активности и идните приоритети на HatTrick програмата, една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации. Горди сме што преку програмата, значителна поддршка добива и Фудбалска федерација на Македонија. Со средствата од HatTrick реализираме инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија“ – напиша претседателот Омерагиќ на социјалните мрежи по повод престојот во седиштетот на УЕФА.

ПретходноУО на ФФМ: Усвоен Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание
СледноУЕФА го казни Реал Мадрид поради расизам…