Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години во решавачкиот дуел за првото место во групата совладана е од Северна Ирска со 3:0.
Серијата погодоци ја отвори Еби Смит во 12. минута. Во 26. Емили Ликок зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Робинсон во четвртата минута од судиското надополнување во второто полувреме.
Составот предводен од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на турнирот што се одржа во Струмица. Нашите надежи по победите над Грузија и Луксембург настапот го заврши со шест бода веднаш зад селекцијата на Северна Ирска, која ја продолжува битката за пласман на завршницата од Европското првенство.
МАКЕДОНИЈА: Евгенија Вељановска, Нановска, Мицовска, Алиеска, Фида, Велиновска (Лазеска 61), Ивковиќ, Пецева (Стојанова 85), Цветковска (Мерко 85), Наумоска (Мацевска 61), Спасовска (Бала 46).
Во вториот натпревар од групата Грузија и Луксембург играа без голови.










