УО на ФФМ: Усвоен Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание

203

Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната редовна седница ги донесе следните одлуки, а кои што се однесуваат на неколку важни теми.

Усвоен е предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година.

Покрај тоа усвоени се и извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ.

Сите одлуки од денешната седница на Управниот одбор на ФФМ ги имате во продолжение:

– У.О. на ФФМ го усвои предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година.

– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ.

– У.О. на ФФМ го усвои Извештајот од Надзорниот одбор на ФФМ.

– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работата на правните органи и лиценцните тела за сезоната 2024/2025.

– У.О. на ФФМ го усвои извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план за 2025 година.

– Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на ФФМ, која ќе биде доставена со материјалите за претстојното Редовно Генерално собрание и извештајот од независниот ревизор за 2025 година.

– У.О. на ФФМ го усвои Дневниот ред за Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 03.2026 година.

ПретходноРакометарките под „полна пареа“ се подготвуваат за реваншот против Белгија
СледноПретседателот Омерагиќ на редовен состанок на „HatTrick“ комисијата