Борусија (Д) подобра од Келн

10
фото: Borussia Dortmund (X)

Во последниот денешен натпревар од 25-то коло од германската Бундеслига меѓу Келн и Борусија Дортмунд, гостите однесоа победа со 1:2.

Првиот гол на натпреварот го постигна Серу Гираси. Напаѓачот на Борусија постигна гол во 17-тата минута. Кон крајот на првото полувреме, втората минута од продолжението, домашниот дефанзивец Јахмаи Симпсон-Пусеј беше исклучен поради црвен картон. Во второто полувреме, во 60-тата минута, напаѓачот Максимилијан Баер го зголеми водството на Борусија. Кон крајот на натпреварот, во 88-тата минута, играчот од средниот ред на Келн, Јакуб Камински, постигна еден гол за домашните, недоволен за реми.

ПретходноПрв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“
СледноВардар со две победи во ист ден до Ф4 во Купот на Македонија