Денеска на програмата се седум средби од 19.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Новаци каде истоимениот тим ја дочекува Брегалница. Ова е меч и тоа како за горниот дел на табелата ако се знае екипите кои имаат -3 и -4 бода од лидерот Охрид, ова е меч меѓу петтиот и четвртиот на табелата. Многу важен меч за двете екипи ако се знае дека првиот оди директно во ПМФЛ, додека баражи играат вториот со петтиот и третиот со четвртиот, потоа победниците од овие два баражи играат против двете екипа кои одат во баражот од ПМФЛ за двете места во елитата за следната сезона.
Но за тоа има уште време, треба да се одиграат 30.колоа. Денеска Скопје е домаќин на составот на Осогово, Охрид ја дочекува Победа а утре Шкендија (А) му гостува на Г. Коњари. Јасно е кој е фаворит на овие средби и затоа велиме дека трите првопласирани екипи имаат лесни задачи во ова 19.коло.
ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Детонит – Беласица
Скопје – Осогово
Саса – Вардар (Н)
Новаци – Брегалница
Охрид – Победа
Преспа – Кожув
Слога (В) – Тетекс
НЕДЕЛА, 14 Ч
Г.Коњари – Шкендија (А)
ТАБЕЛА
Охрид 40, Шкендија (А) 39, Скопје 38, Брегалница 37, Новаци 36, Детонит 35, Беласица 34, Осогово 33, Кожув 26, Саса 21, Тетекс 21, Преспа 12, Вардар (Н) 12, Победа 11, Слога (В) 8, Г. Коњари 4.










