Предмалку во рамките од новото 19. коло во ВМФЛ шампионатот, се одиграа најголемиот дел од мечевите за оваа рунда, а мечот кој што првенствено треба да се спомене е оној во Радовиш, каде што тимот на Беласица со голот на Живко Крстев победи со минимални 0:1.
Од друга страна пак, тимот на Скопје немаше проблеми на свој терен и во Автокоманда со 2:0 го совлада тимот на Осогово.
Новаци имаше лош ден, па загуби на свој терен од тимот на Брегалница со 1:3, а со истиот резултат и тимот на Кожуф се враќа дома со три бода од гостувањето кај Преспа во Ресен.
Тимот на Охрид сосема очекувано ја декласира Победа со 10:0.
Резултари 19. коло:
Охрид – Победа 10:0
Скопје – Осогово 2:0
Новаци – Брегалница 1:3
Преспа – Кожуф 1:3
Слога Виница – Тетекс 0:3
Детонит – Беласица 0:1










