„Се ноѓаме во мала криза, мечот со Шкупи доаѓа во вистински момент“

137
Фото: ФФМ

Струга Трим Лум нема победа од стартот на пеолетта, но се чини дека денеска ќе ја има идеалната шанса за тоа. На крајбрежјето гостува Шкупи, последнопласираниот тим на табелата кој бележи само порази и во вториот дел од првенството и има само еден освоен бод во шампионатот.

„Секако дека сме подготвени за првата победа во пролетниот дел од сезоната“, порачува Бојан Илиевски во пресрет на првенствениот дуел против Шкупи.

„Се наоѓаме во мала криза и мислам дека натпреварот против Шкупи доаѓа во вистински момент за да излеземе од неа, да се вратиме на победите и да покажеме дека резултатите што ги постигнавме есеноска не беа случајни“, изјави Илиевски.

Без разлика на сѐ, стружани нема да го потценат Шкупи.

„Ние не потценуваме ниту еден тим, па така и денешниот противник. Можам да кажам дека против секоја екипа се подготвуваме на ист начин, без разлика дали играме против првопласираната или последнопласираната екипа“, заврши Бојан Илиевски.

Екипата на Шкупи се подготвува за соочувањето со Струга Трим Лум. Тимот од Чаир покажа солидна игра на последниот натпревар против Башкими. Иако двата гола беа примени во второто полувреме, младите фудбалери на Шкупи пружија силен отпор во првиот дел од мечот во Куманово. Со ист фокус и максимален ангажман, младинскиот состав на Шкупи сега влегува во пресметката против Струга Трим Лум.

„Максимално сме фокусирани на натпреварот против Струга, без оглед на тоа што сме млад состав. Се бориме за боите на клубот до последен здив и во ниту еден момент нема да се предадеме,“ изјави пред натпреварот Анес Бајрами.

ПретходноМЗТ Скопје против Пелистер ја почнува големата прослава, „Чкембари“ револтирани!
СледноКонте го испофали Елмас: Треба да му изградиме статуа!