Сити со пресврт до четвртфинале на ФА Купот

32
фото: Manchester City (X)

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа кај Њукасл со 3:1 и се пласираа во четвртфиналето на ФА Купот. Иако домашните тргнаа добро и поведоа, до крајот „граѓаните“ со пресврт дојдоа и до убедлива победа.

Харви Барнс им донесе водство на домашните во 18-тата минута. Савио израмни во 39-тата минута, по што следуваше голот на Омар Мармуш за водство на гостите во 47-тата минута, а со својот втор гол истиот фудбалер го комплетираше резултатот уште во 65-тата минута.

Ждрепката за четвртфиналните натпревари од турнирот ќе се одржи на 9 март.

ПретходноКрај на црната серија: Јувентус ја прегази Пиза
СледноЈамал ја носи Барселона кон титулата (ВИДЕО)