Филип Наумчевски е „Младински тренер на годината“ во Малме (ВИДЕО)

222

Некогашниот македонски младински репрезентативец, и долгогодишен стандарден прволигашки играч но и интернационалец, Филип Наумчевски веќе неколку години со успех ја гради својата перспективна тренерска кариера во Шведска.

Поточно, тој е дел од младинската академија на трофејниот Малме повеќе од четири години. Неговиот труд, напорна работа, и очигледно успех годинава му донесоа награда за „Младински тренер на годината“ во конкуренција на голем број на млади стратези кои што се дел од овој трофеен клуб.

 

„Голема чест и задоволство ми е што сум дел од најголемата фудбалска академија во Шведска која од година во година станува се посилна академија не само во оваа земја, туку и во цела Европа со јасна цел на развивање на млади играчи. Клубот има јасна визија како тоа да го прави и тоа дава резултати. Малме има највисоко рангирана младинска академија во Шведска според “Сертификацијата на СЕФ“ за академиите на елитните клубови во земјата“ – изјави за Спортспорт, некогашниот играч на Цементарница, Хоризонт Турново, Работнички… Филип Наумчевски и додаде.

„Секако дека сум горд на оваа награда, која што вели дека клубот и тоа како верува во моите квалитети, ја цени мојата посветеност и работа, и ми дава мотив за уште поголемо мое вложување, едукација и напредок во тренерската кариера“ – додаде Наумчевски.

 

 

 

 

ПретходноСопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси
СледноЛукас Братен го доби денешниот велеслалом во Крањска Гора