Скромни четири поени за Андреј Јакимовски во поразот на екипата на Тренто на домашен терен против Сасари во новото коло од италијанското кошаркарско првенство. тренто загуби по продолженија со 96:99, а Јакимовски одигра 23 мимути.
Нашиот репрезентативец имаше 7 скока и уште 3 асистенции на денешниот меч. Шутираше 2/2 од поле и 0/4 за три поени.
Тренто со денешниот пораз остана на 7. место на табелата.










