Актуелниот бранител на Купот на Македонија, екипата на Вардар, за шест часа ги одигра и двата натпревари од групната фаза во Купот и со две победи успеа да го потврди својот настап на Ф4 турнирот.
По триумфот над Бутел „црвено-црнитего совладаа и вториот тим на Е. Пелистер со 27-22. Чупиќ комбинираше со ростерот и на двата натпревари и на крајот успеа да ја исполни целта.
Митровиќ со шест гола беше најефикасен кај Вардар, а Анастасовски и Лазаревски постигнаа по три гола.










