И ракометарите на Алкалоид со две победи во еден ист ден, обезбедија место на Ф4-турнирот во Купот на Македонија.
По денешната прва победа над Радовиш во полуфиналето со 41:21, вечерва во „Автокоманда“, Алкалоид славеше и во финалниот меч од групата против Т.Пролет со резултат 34:18 (15:12).
Најдобар стрелец во победичкиот тим беше Дамјан Митев со девет гола, пред Никола Костески со шест гола.










