Женската македонска фудбалска репрезентација денеска во рамките од тековните квалификации, на домашен терен во Битола, на стадионот Петар Милошевски славеше против соодветната селекција на Андора со 3:0.
Нашите девојки уште од стартот на мечот ја преземаа иницијативата погодија на време преку Голабовска и Мејер и бргу стигнаа до водство од 2:0.
Потоа само рутински го приведоа мечот до крајот, а конечниот резултат го постави Грозданова.










