Манчестер Јунајтед донесе одлука со која ги разочара своите фанови

145

Манчестер Јунајтед ќе ја зголеми цената на сезонските билети за пет проценти од сезоната 2026/27, а парите ќе одат за изградба на повеќе ВИП седишта на „Олд Трафорд“, соопшти клубот. Дваесеткратните шампиони изјавија дека се обидуваат да се вратат „на врвот на европскиот и домашниот фудбал“.

„Сакаме да продолжиме да инвестираме во тимот и да ги подобриме условите за навивачите за да можат да уживаат во најдобрите можни услови. Но, исто така мора да се осигураме дека ќе продолжиме да ги почитуваме финансиските правила во услови на растечка инфлација“, соопшти клубот.

Сезонското зголемување од пет проценти значи дека цената на билетот за натпревар ќе се зголеми за нешто повеќе од две фунти во просек.

Навивачите на Манчестер Јунајтед ја нарекоа одлуката на раководството „разочарувачка“ и изрази загриженост дека новововедените ВИП седишта ќе ги чинат 600 лојални навивачи своите места на трибината „Сер Боби Чарлтон“.

ПретходноНајдобриот соиграч на Јокиќ му стапна на нога и доживеа непријатна повреда (ВИДЕО)
СледноАлкалоид на победа до завршницата од Купот на Македонија