Новиот кандидат за титулата во Ф1 доминираше, шампионот целосно потфрли

76
Фото: Формула 1 Х

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред утрешната Голема награда на Австралија.

Можеби за некои ќе биде изненадување, но Мерцедес имаа добар настап на последниот тренинг во Мелбурн. Тие покажаа дека добро се подготвувале помеѓу двете сезони, градејќи, барем така изгледа, конкурентен автомобил. Секако, порака што сите треба да ја сфатат сериозно.

Џорџ Расел беше најбрз на последниот тренинг, а потоа тоа го преточи во импресивна квалификациска сесија со време од 1.18.518. По него следеше неговиот соиграч Кими Антонели, а апсолутно изненадување беше Исак Хајар, кој го освои третото место како дебитант за Ред Бул.

Шарл Леклер од Ферари беше четврти, додека Оскар Пјастре заврши петти. Шампионот Ландо Норис го изненади светот во Мекларен, кој постави само шесто најбрзо време. Зад него беа Луис Хамилтон и дуото на Рејсинг Бул, Лиам Лосон и Аривад Линдбалд. Габриел Бортолето ги комплетираше првите 10.

Макс Верстапен застана во првиот дел од квалификациите откако ја изгуби контролата во првата кривина, на правецот, а потоа удри во ѕидот. Тој не постави време и ќе ја започне трката одзади.

Трката за Големата награда на Австралија се вози во недела од 05:00 часот.

ПретходноДенвер се посрамоти како никогаш, Дончиќ испорача 44 поени (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Брегалница гостува кај Новаци, лесни задачи за Охрид, Скопје и Шкендија (А)