Проблем за баварците: Баерн без Нојер на двомечот со Аталанта во ЛШ

29

Искусниот голман на Баерн, Мануел Нојер се повреди на вчерашниот натпревар од Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах (4:1).

Клубот објави дека 39-годишниот Германец има мало кинење на мускулот на листот.

Според „Билд“, голманот ќе биде надвор од терените приближно две недели. Тоа значи дека Нојер дефинитивно нема да игра во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта (10 март), а голема е веројатноста да го пропушти и реваншот (18 март).

ПретходноЈакимовски со четири поени во поразот на Тренто
СледноЧаир со одлична последна четвртина до победа над Работнички