Светскиот шампион на 100 метри суспендиран на две години поради допинг!

46
фото: AW @AthleticsWeekly (X)

Американецот Фред Карли, светски шампион на 100 метри и еден од најдобрите атлетичари на 21 век, е суспендиран на две години поради кршење на антидопинг правилата.

Керли првично беше привремено суспендиран од страна на Единицата за интегритет на атлетските спортови во август 2025 година, откако давал лажни информации за своето престојувалиште трипати годишно, со што ги спречувал контролорите да спроведат допинг тест.

Следеше истрага, по што првичната одлука беше потврдена. Така, поранешниот светски шампион од 2022 година од Јуџин е суспендиран до август 2027 година. Впечатокот е дека оваа казна ќе биде продолжена, со оглед на тоа што Керли има намера да учествува на натпревар наречен „Подобрени игри“ во мај, контроверзен проект во кој ќе учествуваат спортисти кои имаат намера да ги подобрат своите перформанси преку допинг.

ПретходноСпанулис „избега“ од Монако, банкротот се поблиску
СледноПрв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“