Сопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси

37

Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, ја откри потребата од спонзорски договори за тимот и колку заработува ѕвездата Лионел Меси.

„Причината зошто ми требаат спонзори, и тоа од светска класа, е затоа што играчите се скапи. Му плаќам на Меси помеѓу 60 и 70 милиони евра годишно, ако ги соберете сите бонуси. Но, тој вреди секој денар“, беше цитиран Мас од „А Бола“.

Аргентинецот е втор најплатен фудбалер во светот, веднаш зад Кристијано Роналдо.

Меси се приклучи на Интер Мајами во 2023 година и оттогаш одигра 90 натпревари, постигнувајќи 79 гола за клубот од Флорида.

Претходно„Џокерот“ е потрошен: Македонија нема право на кикс, Белгија мора да се победи!
СледноФилип Наумчевски е „Младински тренер на годината“ во Малме (ВИДЕО)