Чаир со одлична последна четвртина до победа над Работнички

62

Во меѓусебна пресметка од која многу нешта можат да зависат до крајот во битката за плеј-офот, кошаркарите на Чаир славеа над Работнички со 75:73 и се пробија на 4. место на табелата во домашниот шампионат. Работнички ја продолжи агонијата со нов пораз кој го остава во црвената зона меѓу екипите кои би играле во плеј-аутот од разигрувањето.

Во првите два периди видовме одлична кошарка и неизвесен дуел. Работнички имаше за нијанса повеќе од играта и на одмор замина со плус два (36:38). Во вториот дел работите не се променија во третата четвртина во која Работнички повторно за нијанса беше подобар, па дури и ја зголеми предноста на +4. Но, финалните 10 минути му припаднаа на Чаир, кој направи комплетен пресврт и на крајот дојде до голем триумф.

Крисниан со 17 поени беше најефикасен кај Чаир, додека кај Работнички Ефремовски постигна 22 поени.

ПретходноПроблем за баварците: Баерн без Нојер на двомечот со Аталанта во ЛШ
СледноКрај на црната серија: Јувентус ја прегази Пиза