Алкалоид на победа до завршницата од Купот на Македонија

68

Тимот на Алкалоид се пласираше во финалето во групната фаза, и е на чекор за заверка на нов пласман во завршницата од Купот на Македонија.

Избраниците на Кире Лазаров оправдано ја одработија улогата на фаворит против тимот на Радовиш со победата од 41:21.

Од друга страна, тимот на Тинекс Пролет рутински ја одработе задачата второто полуфинале славејќи над Македонија Ѓорче Петров со резултат 37-29. Со овој триумф, Тинекс Пролет обезбеди место во финалето од својата група, каде што веќе рековме чека тимот на Алкалоид. Финалниот натпревар ќе се игра во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:30 часот.

Претходно, прв место во самата завршница од Купот на Македонија обезбеди Пелистер, а останатите патници ќе се дознаат викендов.

ПретходноМанчестер Јунајтед донесе одлука со која ги разочара своите фанови
СледноСтруга ТЛ рутински против отпишаниот Шкупи