Арсенал мина во следната фаза од ФА купот

72

Со победата на гостински терен над нисколигашот Мансфилд тимот на Арсенал ја мина 1/8 финалната фаза од ФА купот на Англија.

Во 41. минута Мадуеке го донесе огромниот фаворит во водство, а на големо задоволство на домашната публика Еванс во 50. минута израмни на 1:1.

Сепак, нештата во нормала ги врати Езе со голот во 66. минута за конечни 1:2.

Синоќа Ливерпул го совлада со 1:3 тимот на Вулверхемптон.

 

ПретходноАнте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)
СледноТФТ без проблеми против Ангели