Денвер Нагетс беше убедливо поразен од Њујорк со 142-103. Овој пат ниту српскиот центар не можеше да му помогне на својот тим. Имаше 38 поени, но за 31 минута на теренот, имаше 13/14 за два поени и скромни 1/7 за три поени, а неговите соиграчи не му дадоа никаква поддршка. Само Џамал Мареј (12), Дарон Холмс (11) и Камерон Џонсон (10) достигнаа двоцифрен број поени, а Денвер нема што да очекува против еден од најдобрите тимови во Источната конференција.
На другата страна на теренот, Ануноби постигна 34 поени, Џош Харт имаше 18 поени, Карл-Ентони Таунс со 17.
Лејкерс ја совладаа Индијана со 125-117, а во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ, кој постигна 44 поени, додаде 9 скока и 5 асистенции.
Бостон – Далас 120:100
Шарлот – Мајами 120:128
Хјустон – Портланд 106:99
Денвер – Њујорк 103:142
Финикс – Њу Орлеанс 118:116
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:112
ЛА Лејкерс – Индијана 125:111










