Конте го испофали Елмас: Треба да му изградиме статуа!

331
Фото: Наполи

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Елиф Елмас погоди на вчерашниот дуел меѓу Наполи и Торино во Серија А. Наполи поведе уште во првото полувреме преку голот на Алисон Сантос, а Елмас секако беше во стартниот тим. „Дијамантот“ го удвои домашното водство во 68. минута со прекрасен гол од волеј удар.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, после натпреварот испрати комплименти на адресата на македонскиот репрезентатовец.

„Оваа година треба да направиме статуа на Елиф Елмас. Таа го разбира фудбалот. Може да игра и како централен играч од средниот ред и како офанзивен играч од средниот ред. Тој е разноврсен играч. Почна во почетната постава по 18-ти пат по ред. Имаме среќа што го имаме.“, рече Конте. 

Претходно„Се ноѓаме во мала криза, мечот со Шкупи доаѓа во вистински момент“
СледноГотвачката на Нејмар го тужи за неподносливи услови за работа – тврди дека се разболела