МЗТ Скопје А. со „роденденска победа“ над Пелистер, Тиквеш славеше со Феникс 2010 (ФОТО)

52

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром на „роденденската прослава“ по повод 60-години постоење, го доби дербито на 17. коло во домашното првенство. Вечерва во „Јане Сандански“, „штрковите“ го совладаа конкурентот Пелистер со 87:73 и ја продолжија победничката низа.

Вреди да се спомене дека васко Атанасов на мечот влезе без повредениот Војдан Стојановски, кој се повреди при последниот настап за нашата репрезентација. Битолчани се држеа одлично, во еден дел од стартот на второто полувреме дојдоа и до водство, но МЗТ Скопје А. ја стабилизираше играта и до крајот дојде до посакуваниот триумф.

Мекејден го предводеше домашниот тим до победа со 24 поени, а Смит заврши со 16 поени. Кај екипата на Пелистер најефикасен беше Вилсон со 17, додека Стајиќ заврши со 14 поени.

Во вториот натпревар вечерва, екипата на Тиквеш однесе победа од гостувањето кај Феникс 2010 со 76:87. За Кавадарчани ова беше важна победа во битката за место во ТОП 8 на табелата.

Глигоријевиќ со 22 поени ги предводеше гостите до триумф, а кај Феникс 1010 најефикасен беше Рахама со 18 поени.

ПретходноВардар со две победи во ист ден до Ф4 во Купот на Македонија
СледноАтлетико (М) се намачи за победа над Реал Сосиедад