МЗТ Скопје против Пелистер ја почнува големата прослава, „Чкембари“ револтирани!

91

МЗТ Скопје денеска (19 часот) против Пелистер ја почнува прославата на 60-годишнината од своето постоење. Актуелниот првак најави бројни манифестации за време на овој дуел, кој воедно е дерби на 17. коло. МЗТ Скопје има 30 бода и се наоѓа на второто место на табелата, додека Пелистер е трет со 28 бода.

Овој дуел ќе се одигра без присуство на гостински навивачи. Синоќа „Чкембари“ на својата официјална страница го пренесоа својот револт за одлуката да се забрани нивно присуство, прашувајќи дали во Битола треба да се забрани исто присуство на противничките навивачи.

Двојки: Ангели – ТФТ (14 часот), Феникс – Тиквеш (19 часот), МЗТ Скопје – Пелистер (19 часот), Чаир – Работнички (20:30 часот).

ПретходноВМФЛ: Брегалница гостува кај Новаци, лесни задачи за Охрид, Скопје и Шкендија (А)
Следно„Се ноѓаме во мала криза, мечот со Шкупи доаѓа во вистински момент“