Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва го одработи првиот од двата планирани тренинзи во Скопје, кои се дел од мини подготовките за настап во мартовскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.
Со оглед на актуелната ситуација, нашите најдобри кошаркарки ќе одржат уште еден тренинг во реновираниот спортски објект во нашиот главен град. А веќе од понеделник следува патувањето во Данска, каде два дена подоцна, односно во среда ќе го играат четврттиот наттпревар од квалификациската група.
На првиот собир се појавија вкупно 11. кошаркарки, поради клупски обврски, недостасуваше единствено Мерит Хемпе, која ќе ги дочека своите соиграчки во Данска.
Првиот тренинг го одработија: Александра Стојановска, Илина Селцова, Ања Начевска, Марија Николов, Вања Милосављевиќ, Михаела Алексовска, Елена Тасевска, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска. Во тимот е и Дора Алексова, која се пожали на проблеми со листот на ногата, и го проследи првиот тренинг во „Градски парк“, од клупата за резервни играчи.
Во овој квалификациски циклус, освен дуелот со Данска, Македонија ја очекува навистина тежок распоред. Веќе на 14. март, следува гостување во Солун, и натпревар против селекцијата на Грција, додека на 17.март, сме во улога на домаќини, ја дочекуваме репрезентацијата на Хрватска.
По четири одиграни кола во групата „Ф“, од квалификациите за ЕП 2027, Македонија има скор од една победа и три порази.










