Фудбалерите на Манчестер Сити славеа кај Њукасл со 3:1 и се пласираа во четвртфиналето на ФА Купот. Иако домашните тргнаа добро и поведоа, до крајот „граѓаните“ со пресврт дојдоа и до убедлива победа.
Харви Барнс им донесе водство на домашните во 18-тата минута. Савио израмни во 39-тата минута, по што следуваше голот на Омар Мармуш за водство на гостите во 47-тата минута, а со својот втор гол истиот фудбалер го комплетираше резултатот уште во 65-тата минута.
Ждрепката за четвртфиналните натпревари од турнирот ќе се одржи на 9 март.










