Барем засега, Игор Тудор нема да биде сменет од функцијата менаџер на тимот на Тотенхем. Овој клуб има огромни проблеми сезонава, во прашање е доведен опстанокот на тимот, а како спасител зимава беше доведен хрватот на кормилото, за да ја поправи ситуацијата.
Сепак, тоа не оди баш така лесно, па Тотенхем и Тудор имаат три последователни порази во серија, што е многу лошо. Неговиот претходник Томас Франк не го дочека крајот на сезоната, а англиските медиуми велат дека засега Тудор е сигурен на своето работно место.
Тудор има репутација за брзо влијание во клубовите кои што ги презима, демонстрирајќи го тоа во Јувентус, Лацио и Удинезе, но никогаш не играл ниту тренирал тим во Премиер лигата пред ова назначување.










