„Џокерот“ е потрошен: Македонија нема право на кикс, Белгија мора да се победи!

107

Македонската женска ракометна репрезентација денеска го игра најважниот натпревар за продолжување на сонот – Европско првенство 2026. После минималниот пораз од Белгија на гостински терен од 26-25, нашите ракометарки во Куманово (17 часот) ќе има шанса да и се реваншира на оваа селекција и да ги задржи шансите како третопласирана репрезентација да се обезбеди место на континенталното натпреварување.

Селекторот, Кирстијан Грчевски денеска треба да докажат дека имаа само лош ден и зошто се големи фаворит против Белгија. Победата мора да биде повеќе од еден гол.

„Денешниот натпревар ќе биде важен и ќе се покажеме во многу подобро светло, треба да сме фокусирани од прва секунда, во секој напад и одбрана. Овие два дена анализиравме што погрешивме и ќе ги поправиме тие недостатоци. Мотивација има и тоа на највисоко ниво, особено за мене бидејќи играм во Куманово. Се надевам дека салата ќе биде полна и ќе славиме победа“, изјави Јована Кипријановска.

Билетите за оваа средба веќе одамна се пуштени во продажба.

ПретходноИсториски момент за македонското алпско скијање!
СледноСопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси