Во дербито на Источната конференција во НБА лигата, екипата на Бостон Селтикс славеше какоо гостин против Кливленд со 109:98. Ова е четврта последователна победа за Селтикси против големиот ривал. За Бостон ова беше седмата победа во последните осум натпревари на гости, а загубија само во Денвер.
Победничкиот тим го предводеше Џејлен Браун, кој беше на работ на трипл-дабл со 23 поени, девет скока и осум асистенции. Тејтум постигна 20 поени, Гарза го заврши натпреварот со седум поени, еден скок и една асистенција. Од другата страна, Мичел беше најефикасен со 30 поени, а Мобли запиша 24.










