Маџари и МКК Куманово со нови победи се поблизу до плеј-оф

96

Коашркарите на Маџари остварија нова победа во домашното првенство и зачекорија кон учество во плеј-офот. Денеска на домашен терен, Маџари славеше над Кожув со 89:61 и ја запиша деветаттат победа сезонава.

Одличен меч за домашните одиграа Луис со 18 и Хот кој постигна 13 поени. Кај гостите од Гевгелија најефикасни беа Бојчев и Парвис кои застанаа на по 11 поени.

Во вториот меч одигран попладнево на домашен терен МКК Куманово оствари победа над Гостивар со 90:75. Кумановци исто така ја прославија деветтата победа сезонава во која посебен удел имаа Стевановиќ со 30 и Радукиќ со 17 поени. Кај екипата на Гостивар Црниќ постигна 22 поени.

ПретходноСтојчевски во Кратово, Бафто во Тетово
СледноОхрид е последниот учесник на Ф4 во Купот на Македонија