Од пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!

725
фото: Valencia CF (X)

По голема борба до самиот крај, Столе Димитриевски и неговата Валенсија од пораз, стигнаа до победа во судиското надополнување на домашен терен во исклучително важниот натпревар со Алавес во рамките на 27. коло во шпанската Ла Лига.

Вечерва на „Местаља“, гостите двапати водеа, но упорните домашни фудбалери се изборија за победа во неверојатен финиш. Со голот на Бој во 3. минута од пенал, гостите поведоа со 0:1, но на стартот на второто полувреме, Валенсија возврати преку Гуера за 1:1. Иако напаѓаа, фудбалерите на Валенсија дозволија гостите во 71. минута, повторно преку Бој да поведат и со 1:2, па дури во судиското продолжение, Валенсија не само што се спаси од пораз, туку дојде и до победа.

Голот на Комерт во 91. минута им донесе 2:2, на домашните, а кога сите очекуваа крај, во 97. минута Валенсија доби пенал, кој Дуро го претвори во гол за 3:2 и големи три бода за својот тим во трката за опстанок. Гостите лути на досудениот пенал мечот гоз авршија со двајца фудбалери помалку по исклучувањата на Пачеко и на Гевара.

Претходно„Дерби дела Мадонина“: Интер не знае да одигра дерби, Милан слави на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
СледноСан Антонио ги запре „ракетите“, Лејкерс триумфално со Њујорк