Падна светскиот рекорд во полумаратон

188
фото: World Athletics (X)

Џејкоб Киплимо од Уганда постави нов светски рекорд во полумарато на денешната трка во Лисабон, истрчувајќи време од 57:20 минути.

Доколку рекордот биде потврден од Светската атлетска федерација, Киплимо го собори претходниот рекорд што го држеше Јомиф Кејелча од Етиопија (57:30) од 2024 година за 10 секунди.

Киплимо веќе беше рекордер во оваа дисциплина. Имено, тој истрча 57:31 во Лисабон во 2021 година, рекорд што го држеше речиси три години сè додека Кејелча не го сруши. Минатата година во Барселона, Киплимо дури истрча под 57 минути, но тој резултат не беше признат бидејќи Светската атлетика процени дека условите за трка се подобрени (специјални пејсмејкери кои помогнаа во одржувањето на темпото).

ПретходноРеал потпишува нови договори, само од реклами ќе инкасира рекордни 300 милиони евра
СледноАке е примарна цел на Милан за следната сезона