Елиф Елмас поради сплет на околности сезонава, не само што одигра речиси полна минутажа во тимот на Наполи, туку тоа го одигра на повеќе позиции во тимот, во зависност што недоставува и во кој момент.
Проблемите со повреди во Неапол, создадоа ситуација која вели дека Елиф Елмас буквално играше се и сешто во тимот. За среќа тоа го направи на најдобар можен начин, па Антонио Конте, тренерот на Наполи, по победата над Торино во петокот, и голот на Елмас, изјави дека на нашиот репрезентативец треба да му се изгради споменик.
Доколку тоа се оствари, оваа фотографија, како „Дијамантот“ со прекрасен волеј го постигнува голот против Торино може да послужи како макета.










