Ханси Флик: Јасно беше дека тешко ќе се стигне до победата

119
фото: Barcelona (X)

Синоќа тимот на Барселона, со голот на Ламин Јамал успеа да стигне до екстра важна и тешка победа во Билбао против домаќинот Атлетик, со минимални 0:1.

Оваа победа за Каталонците беше исклучително важна, а за тоа секако е свесен и тренерот Ханси Флик. Тој по мечот изјави дека никој не ни очекувал да биде лесно синоќа во Билбао.

„Секако, секогаш сум горд на играчите, навистина, но особено ја ценам оваа посебна атмосфера во тимот и како се обединети, атмосферата, сè е едноставно фантастично. Навистина го ценам она што го гледам. Денес не бев нервозен. Ги видов играчите по победата од 3-0 над Атлетико и имав доверба во нив. Тоа е нашата цел. Да создадеме одлична атмосфера и да се фокусираме на секојдневниот тренинг. Денес беше јасно дека победата на овој величествен стадион против одличен тим со неверојатни навивачи ќе биде тешка. Неверојатно е да се победи тука“, рече Флик.

ПретходноЧолаковски стрелец во ремито против Оукленд (ВИДЕО)
СледноСтојанов е херојот на Тиквеш против Пелистер (ВИДЕО)