Тимот на Верона успеа да освои три гостински бодови откако победи кај Болоња со конечни 1:2, во првиот од двата попладневни дуели од Серија А.
Иако домаќинот поведе со голот на Рове, сепак, во само четири минути гостите направија комплетен пресврт.
Најпрво погоди Фресе, па по него и Боуви за 1:2, што беше и конечен резултат.
Од друга страна пак, Фиорентина имаше императив на победа со оглед на загрозениот прволигашки статус, но сепак, одигра само 0:0 против Парма.










