Ракометарите на Охрид се последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. Денеска во финалето кое се одигра во рамките на втората група, охриѓани очекувано беа подобри од МРК Куманово со 35-18.
Ристески постигна 6 гола во победата на Охрид, додека кај гостите исто толку погодоци имаше Стојков.
Охриѓани на Ф4 турнирот ќе бидат заедно со Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид. Тоа е и најдобрата четворка од домашниот шампионат која меѓусебе ќе се бори и за куп-трофејот.










