„Покажавме како се игра со срце“

325

Првиот чекор кон пласман на Европското првенство е направен. Македонската женска ракометна репрезентација дојде до планираната победа против Белгија, откако во Куманово славеше со 33-28. Нашите ракометарки се вратија во друштвото на третонајдобро пласирани репрезентации кои токму од оваа позиција можат да стигнат до континенталното натпреварување.

„Среќни сме – покажавме како се игра со срце. Ги исправивме грешките што ги направивме на натпреварот во Белгија и, со публиката како наш осми играч, успеавме да го добиеме овој натпревар и да ги задржиме нашите шанси за пласман на Европското првенство“, изјави Ивана Гакидова.

Во последните два меч од овие квалификации за ЕП, Македонија ја пречекува Германија на домашен терен, а потоа е гостин на Словенија.

ПретходноИва Младеновска на „радарот“ на ЕХФ (ВИДЕО)
СледноФото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)