Ричков: Верувам во силата на Македонија ЃП и денеска одиме на три бода во Куманово

57

Екипата на Македонија ЃП пролетва има една и единствена задача. А таа вели дека во најкраток можен рок да се соберат доволно бодови, кои што ќе обезбедат прволигашки статус, и мирен финиш на оваа за ѓорчепетровци може слободно да се каже турбулентна ПМФЛ сезона.

„Лавовите“ изминатото коло направија мини подвиг што се вели и на домашен терен обезбедија победа над Работнички со 3:1, и покрај фактот што гостите имаа водство. Сепак, избраниците на Боби Божиновски и тоа како добро се справија со таа ситуација, ги задржаа бодовите, а сега одат по нови три во Куманово.

Денеска од 14:00 часот ги пречекува тимот на Башкими, сериозен прволигашки предизвик од секој аспект особено кога игра на свој терен.

 

ПретходноШеј сега е многу блиску до Вилт Чемберлен (ВИДЕО)
СледноСаити: Исполнети се сите предуслови за нови три бода