Саити: Исполнети се сите предуслови за нови три бода

72

Екипата на Башкими цели да го затвори вториот циклус на натпревари во Првата македонска фудбалска лига со освојување на максимални бодови во пресметката против Македонија Ѓ.П.

Фудбалерите на Башкими веруваат дека со поддршка од навивачите можат да стигнат до победата, особено поради фактот што неделниот натпревар го играат на свој терен.

„Ова е последен натпревар од основниот дел во сезоната и по многу недели конечно играме во недела на нашиот стадион. Постојат сите предуслови да ги земеме трите бода и да ја зацврстиме петтата позиција на табелата, со што би ги отстраниле грижите за опстанокот“, изјави Хебиб Саити.

Според Саити, гостинската екипа на Македонија Ѓ.П. е „должник“ и сега е вистинскиот момент да се расчисти тој „долг“.

„Македонија Ѓ.П. ни е должник, затоа е време да го вратиме тој долг пред нашите навивачи и пред градот“, додаде Саити.

Натпреварот помеѓу Башкими и Македонија Ѓ.П. ќе се одигра во Куманово, со почеток во 14:00 часот.

ПретходноРичков: Верувам во силата на Македонија ЃП и денеска одиме на три бода во Куманово
СледноТасев: Посакувам супер дерби, со многу шанси и победа на Тиквеш