Тасев: Посакувам супер дерби, со многу шанси и победа на Тиквеш

64

Денеска во рамките од новото 21. Коло од ПМФЛ шампионатот, во Кавадарци, домашниот Тиквеш ќе го пречека Пелистер во уште еден неизвесен, интересен и квалитетен првенствен меч.

И двата тима имаат императив на победа, затоа што пролетва мора да надокнадат она што го испуштија есеноска. Ова е последен меч од оваа фаза од шампионатот, и позицијата на табелата по ова коло е многу важна. Затоа денеска и Тиквеш и Пелистер немаат намера лесно да положат оружје, напротив.

„Во пролетниот дел влеговме во во суштина добро, нормално секогаш може подобро. За денешниот натпревар очекувам да биде тврд како што и е секој дерби натпревар, Пелистер е одлична екипа и мислам дека табелата не е реална слика за нив, ние максимално го респектираме нивниот тим, но ќе дадеме се од себе за трите бода да останат во Кавадарци. Се надевам на одлично дерби со многу шанси, публика и прекрасна атмосфера.

Во последните неколку натпревари наметнавме своја игра од која не отстапуваме ни дома ни пак во гости, мислам дека тимскиот дух е на одлично ниво и тоа е насето најсилно оружје. Доколку се придржуваме кон барањатавна насиот стручен стаб мислам дека се ќе биде во најдобар ред и на крај ке ја издрауваме публиката со три бода“, изјави Данаил Тасев.

ПретходноСаити: Исполнети се сите предуслови за нови три бода
Следно8 Март е само потсетник: Почитта кон жените не смее да биде само еден ден!