Првиот човек на белградска Црвена Звезда, Звездан Терзиќ даде доста самоуверена, но и ризична изјава на државната телевија, во која рече дека доколку тимот не ја освои титулата во тековниот шампионат на Србија, дека тој ќе поднесе оставка и ќе си замине од клубот.
„Мислам дека сите во клубот се поистоветуваат со фактот дека само доколку сме најдобри може да бидеме тука. Во моментот кога не сме повеќе најдобри, работите се менуваат. Мислам дека сум единствениот фудбалски функционер во Европа кој вели дека доколку не сум шампион, јас си поднесувам оставка“ – изјави Терзиќ.
Инаку за информација, Црвена Звезда во моментов е прва на табелата со 60 бодови, додека пак Партизан е второпласиран со 53. поени.










