Атле Ли МекГрат прв на слаломот во Крањска Гора

93

Во ретко видена неизвесна трка во која што првите пет пласирани скијачи се сместија во заостанување од само девет стотинки, норвежанецот Атле Ли МекГрат е освојувач на првото место на слаломската трка во легендарниот словенечки ски центар Крањска Гора.

Мек Грат беше прв и по првата трка, а во втората извозе доволно за да биде највисоко на пиедесталот со подобро време од само една стотинка. Зад него се најде Хенрик Кристоферсен, додека пак трет со четири стотинки заостанување се пласираше бразилецот Лукас Братен.

 

ПретходноФото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)
СледноДавид Ивановски е вистинско засилување за Кожуф пролетва