Македонскиот младински репрезентативец до 19. години Давид Ивановски бележи одлични настапи за тимот на Кожуф кој што го засили пролетва. Како што е добро познато, Ивановски досега настапуваше во Швајцарија каде што е пораснат и каде што беше дел од екипите на Сент Гален и Винтертур и од каде што и го заслужи повикот за младинските селекции на Македонија.
Сепак, Ивановски во потрага по сениорска минутажа пристигна во Гевгелија и не погреши.
Веќе пролетва постигна два гола и забележа две асистенции. Погоди во домашниот триумф против Брегалница, а и вчера на гостувањето во Ресен кај Преспа.










