Лече со многу важна домашна победа

45

Со головите на Пироти и Стулиќ уште во првиот дел, тимот на Лече успеа на домашен терен да го совлада тимот на Креминезе со 2:1, и на тој начин да оствари многу важна победа.

Лече сеуште нема обезбедено опстанок, па ова се и тоа како важни бодови за нивното конто.

Кремонезе се обиде нешто преку голот на Боназоли, но единствено што успеа е да дојде до минимален пораз.

Со овој пораз Кремонезе и натаму е во зоната за испаѓање, додека Лече е на 16. место со 27 поени.

 

ПретходноДавид Ивановски е вистинско засилување за Кожуф пролетва
СледноЧолаковски стрелец во ремито против Оукленд (ВИДЕО)