Охрид е последниот учесник на Ф4 во Купот на Македонија

144

Ракометарите на Охрид се последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. Денеска во финалето кое се одигра во рамките на втората група, охриѓани очекувано беа подобри од МРК Куманово со 35-18.

Ристески постигна 6 гола во победата на Охрид, додека кај гостите исто толку погодоци имаше Стојков.

Охриѓани на Ф4 турнирот ќе бидат заедно со Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид. Тоа е и најдобрата четворка од домашниот шампионат која меѓусебе ќе се бори и за куп-трофејот.

ПретходноМаџари и МКК Куманово со нови победи се поблизу до плеј-оф
СледноРома поразена од Џенова, ЛШ се подалеку