Раул Гоназлес и официјално се договори со Партизан, тој ќе го води тимот во до 2028 година. Шпанскиот стратег кој е селектор на Србија сака да создаде проект кој ќе биде налик на Вардар и Алкалоид. Тој за јутуб каналот на Партизан ги сподели своите очекувања.
„Управата на клубот ми објасни каква идеја има и ме привлече можноста истовремено да бидам и дел од репрезентацијата и да ги запознаам играчите, лигата и екипите. Сите се среќни тоа е голем клуб, кој расте. Само тоа што фудбалскиот и кошаркарскиот клуб се на тоа ниво, прави овој клуб да е на друга димензија“ – рече Раул и додаде.
„Мислам дека се функционира добро. Тимот игра добро, има донри играчи и добар тренер. Оба што треба да се обиде, е да настави со работа. Тоа не се постигнува во еден ден, туку од година во година“ – додаде искусниот стратег.










